Речиси 500 пациенти се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје, слободни се околу 20 кревети

by Fokus

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 40 нови пациенти, а дома се пуштени 32 излекувани.

Со тоа, моменталната бројка на пациенти во болниците е 495, а бројот на слободни кревети до утрово изнесувал околу 20, соопштија од Министерството за здравство.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Најмногу се хоспитализирани на Инфективната клиника – 146, и во Градската општа болница „8 Септември“ – 110. Во детската болница во Козле, пак, има 38 пациенти.

На интерните клиники состојбата е следна: на Институтот за ТБЦ 53 пациенти, на Клиниката за неврологија 30, на Кожната клиника и на ОРЛ по 28, на Клиниката за гастроентерохепатологија 24, на Клиниката за нефрологија 21, а на Клиниката за очни болести 17.

 

Поврзани новости