Ратко Младиќ од притворот во Шевенинген префрлен во болница во Хаг

by Фокус

Синот на Ратко Младиќ потврди дека неговиот татко од притворот во Шевенинген е префрлен во болницата во Хаг, поради влошена здравствена состојба.

Се очекувало денеска да биде пуштен, но тој е задржан на натамошни испитувања.

Во посета на Младиќ била неговата сопруга, која и денеска ќе го посети во болницата.

-Мојата мајка ја уверуваа дека не е ништо страшно, а се уште ги очекуваме деталните информации за состојбата, наведе синот Дарко Младиќ.

Ратко Младиќ се наоѓа во притворот во Хашкиот трибунал во Шевенинген од јуни 2011 година.

На 22 ноември 2017 година тој беше осуден на доживотна казна затвор заради геноцид во Сребреница, прогон на Босанци и Хрвати од БиХ, тероризирање на населението во Сараево и заложништво на припадници на УНПРОФОР.

Поврзани новости