Распитот на функционерите на ВМРО ДПМНЕ е завршен, се чека одлука за притвор

by Фокус 01:23
01:23

Досието за изборни нерегуларности е големо и затоа најавите се дека неколку часа ќе потрае пишувањето на решенијата на судијата за претходна постапка. Значи дека евентуално во текот на следните неколку часа или пак изутрина ќе се знае дали Јанакиевски, Јанкуловска, Божиновски и другите осомничени за злосторничко здружение и други кривични дела поврзани со изборните процеси ќе завршат во Шутка.

Се уште е непознато каква одбрана имале функционерите на ВМРО ДПМНЕ и дали зборувале пред судијата или молчеле, но од прислужуваните материјали јасно е дека тие многу знаеле и учествувале во местењето избори. Иако снимките не се доказ и не се предаени во суот постојат конкретни материјални докази. Во моментов околу судот нема засилено полициско обебзедување што би навестувало дека осомничените од судот ќе бидат пренесени во притвор, но не се исклучува тоа да биде направено по неколку часа, ако воопшто има одлука за притвор.

- Advertisements -

Она што остана забележително е од кој влез се примени осомничените и зошто за нив има поинакви правила. Кој и зошто им дозволува да користат службени влезови, а не главниот, оној на кој МВР спектакуларно ги внесуваше сите приведени во акциите на Јанкуловска. Зошто сите се пренесуваа со специјалци, а оние за кои Специјалното обвинителство тврди дека изградиле цел систем за изборни местенки и на кои им се заканува затвор од по неколку години, им е оставено правото самите да се појават.

Ако судот сака да остане доследен на судската пракса и ако навистина има докази тогаш притворот е неизбежен затоа што очекувано е дека осомничените и да не можат да ја напуштат државата и да не можат да го повторат делото, иако за брзо ќе има избори, сепак клучно е дека можат да влијаат врз сведоци. А во овие процеси, според најавите од СЈО ќе има бројни сведоци.

Поврзани новости