Путин: Ќе распоредиме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

by fokus

Русија ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, најави рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, ова не ги нарушува договорите за неширење на нуклеарното оружје и истото го спореди со распоредувањето на американско нуклеарно оружје во Европа.

По објавата на рускиот претседател, од САД порачаа дека не веруваат дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.

По распаѓањето на Советскиот сојуз, нуклеарното оружје што беше во новите независни држави, како Белорусија, Украина и Казахстан, беше пренесено во Русија.

 

Поврзани новости