Пукотници во Скопје, повреден маж е префрлен во болница

by Fokus

Маж повреден со огнено оружје попладнево во Скопје.

Првичните информации се дека пукањето се случило во близина на поликлиниката кај Бит Пазар, а како што дознава порталот „МКД.мк“ од неофицијални извори, повредено е едно лице. Во моментов во тек е увид, а повредениот е префрлен во болница.

За карактерот на повредите, идентитетот на повредениот и причините за инцидентот официјални детали од МВР ќе има во текот на денов.

„Денеска (07.02.2024) од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице. Според првичните информации во П.П. пукал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ објавија дел од медиумите.

Поврзани новости