Првото дете во 2018 година во Скопје се роди минута по полноќ

by Фокус

Прворододенето родено во 2018 година во Скопје се родило точно една минута по полноќ, извести Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје.

Станува збор за девојче тешко 3,7 килограми, долго 49 сантиметри, кое е родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар.

Мајката Борјана Радевска од Скопје, на која ова и е второ дете, ќе ја посетат министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Поврзани новости