Прво се запалил автомобил, па огнот ги зафатил бараките на Улици и патишта

by fokus

Пожарот во бараките на ЈП “Улици и патишта” се проширил од запален автомобил кој бил паркиран во непосредна близина, информираат од претпријатието.

-На 22.12 околу 01 часот од опожарено возило паркирано во непосредна близина на објектот се запали објектот на ЈП
Улици и патишта на ул.Коле Неделковски бр.38.

Опожарени се сите простории во административниот објект на ЈП Улици и
патишта. Единиците на противпожарната бригада и единиците на МВР се уште го обезбедуваат објектот кој е со површина
од 380m2, велат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека бара нов простор за да непречено работат.

-Оперативните тековни обврски редовно се извршуваат соогласно програмата и планот за работа, додека најнеопходните административни работи се извршуваат во
отежнати услови. Во моментов превземаме мерки да обезбедиме просторно решение за нормално функционирање на претпријатието, велат од ЈП” Улици и патишта”.

Поврзани новости