Откажан новогодишниот настап на Анета Молика: Се надевам ќе помине ова лудило!

by fokus

Најавениот настап за време на новогодишниот дочек на Анета Мицевска и групата Молика во Гетеборг, Шведска, е откажан.

Како што информираат од популарната битолска музичка група, не само нивниот настап, туку е откажан и целокупниот дочек, поради новите одлуки на тамошната власт.

-Шведските власти донесоа одлука за забрана на поголеми манифестации од 50 луѓе, поради новата ситуација со корона вирусот. Се извинуваме и се надеваме дека во блиска иднина ќе помине ова лудило – истакнаа од групата.

И настапот на фолк музичарот Цаки Кисми во Швајцарија, по повод дочекот на 2022 година е откажан поради новите ковид мерки. Сепак, тој успеал да договори новогодишен настап во Италија, во Каламандрана.

Откажан е новогодишниот настап во Германија на Нена Дулева, Александар Талески и групата Круна, исто така поради заострените мерки.

Од СЗО предупредуваат дека сојот Омикрон забрзано се шири во европските земји, и повикаа луѓето да ги откажат празничните прослави, во интерес на јавното здравје.
Кај нас пак, најавени се организирани прослави во угостителски локали и ноќни клубови, а гостите ќе ги забавуваат музичари од нашата, но и од естрадната сцена од регионот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости