Протестираат албанските затворски полицајци

by Fokus

Синдикатот на вработените во албанската затворска полиција денеска одржаа предупредувачки штрајк, во знак на незадоволство од платата и условите за работа.

Тие обвинија дека Министерството за правда не ја спроведува одлуката донесена од Владата во 2017 година за платата на „чуварите на внатрешниот и надворешниот режим во затворските институции“.

Претставници на Синдикатот истакнаа дека затворските службеници немаат превоз до работното место, немаат униформи и не им се исплаќа прекувремена работа.

– Бараме шест часа работно време наместо сегашните осум, но веќе еден месец работиме 12 часа, без основни услови, без вода, без тоалет, без оброк. Најдете ни човек кој може да остане 12 часа без услови, обвинија тие.

Во однос на униформите според нив во 2018 година Владата донесе одлука за распишување тендер за набавка на нови униформи, но полицајците не добија униформи, а поради големото незадоволство голем број од нив ја напуштаат работата.

– Не знаеме каде отидоа парите, а затворските полицајци ги купуваат униформите од улични продавачи. Вработените во полиција си заминуваат од должност, требаше да има 3.599 вработени, но има само 3.000. Вработените дадоа отказ, посочија тие.

Поврзани новости