Мадона го прослави 64. роденден на Сицилија

by Fokus

Славната поп-икона Мадона вчера наполни 64 години. Иако сè уште не престанува да шокира со својот начин на живот и однесување, таа и за овој ден приреди изненадување.

Мадона Луиза Вероника Чиконе е родена на 16 август 1958 година. Во 1982 година, светот имаше можност за првпат да ја слушне Мадона. Но, никој не знаеше како таа изгледа бидејќи нејзината фотографија не беше ставена на синглот, за да ја привлече и црнечката публика. По „Everybody“, вториот сингл беше „Burning Up“. Беше потпишан договор со издавачката куќа „Ворнер брадерс“ и Мадона доби дозвола да го сними целиот албум.

Продажбата на Мадона добро се зголеми и таа имаше успех на топ-листата на синглови на „Билборд“. Албумот е продаден во 8 милиони копии ширум светот, а песната „Lucky Star“ ја имаше највисоката позиција на табелата – 4-то место. На насловната страна беше прикажана русокоса Мадона со различни синџири околу вратот и рацете. На внатрешната страна беше нејзиниот папок кој потоа стана нејзин заштитен знак.

Поврзани новости