Протести во Србија: Блокиран автопат и инцидент

by Fokus

Демонстранти во Србија денеска повторно го блокираа автопатот во Белград.Собирот започнал нешто пред 13 часот на три места – Панчевски мост, пред ТЦ Ушче и кај Сава центарот.

Околу стотина демонстранти го блокираа автопатот во двата правци. Набргу по ослободувањето на сообраќајот и прекинот на блокадата на автопатот, дошло до помал инцидент.

Непознат маж со својот автомобил удрил демонстрант, по што му ги искршиле стаклата на автомобилот, пренесува nova.rs.

„Нека вози, гледаш дека е пијан. Пушти го“, извикуваа демонстрантите.

Еден демонстрант за nova.rs изјавил дека „очигледно сакал да се тепа, па демонстрантите му го скршиле стаклото на автомобилот“.

Еден час траела блокадата на автопатот во Белград.Сега сообраќајот е ослободен.На протестот присуствуваше и Ратко Ристиќ, проректор на Универзитетот во Белград.

„Ова мора да се поддржи“, изјавил тој за nova.rs.

Поврзани новости