627
Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците денеска попладне ќе протестира пред Собранието на Македонија.
Информираат дека протестот е со цела да добијат позитивен одговор од претседателот на Парламентот за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање 10 илјади потписи за да се донесе Закон за амнестија во законски предвидениот рок.
Ако не биде одговорено на нивните барања, како што велат, ќе протестираат деноноќно се до добивање позитивен одговор од страна на претседателот Трајко Вељаноски.