Ципрас победи на изборите во Грција

by Фокус

Сириза во новиот грчки Парламент ќе има 145 пратеници, што е за шест помалку од потребните 151 за парламентарно мнозинство.

На второто место се пласира конзервативната партија Нова демократија со освоени 28,09 отсто од гласовите и 75 пратенички места, пред неофашистичката партија Златна зора со 6,98 процети и 18 мандати и Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) со 6,28 отсто и 17 пратеници во Парламнетот.

Изборниот праг од три проценти неопходен за освојување пратенички мандати го минаа и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 5,55 отсто освоени гласови, партијата Потами со 4,09, Незавсини Грци со 3,69 и Унијата на центристите со 3,43 проценти. Врз основа на овие резултати, комунистите освоија 15 мандати, Потами 11, Независни Грци 10 и центристите 9 пратеници.

Лидерот на Нова демократија Евангелос Меимаракис го призна поразот на изборите. Како што наведува Ројтерс, истакнал дека сега е приоритет формирање на влада и му честитал на Ципрас.

На Грците ова им е трет пат оваа година да излегуваат на гласање, после парламентарните избори во јануари кои на власт го доведоа Сириза и премиерот Ципрас, и референдумот во јули, на кој гласачите ги отфрлија предлозите на странските кредитори за реформи, за да Владата на Ципрас малку подоцна повторно ги усвои.

Поврзани новости