Протест на родителите на убиените деца во „Рибникар“

by Фокус

Незадоволството од реакцијата на државата по масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград беше причина за уште еден протест на родителите на децата убиени во масакрот на 3 мај 2023 година во тоа училиште.

Неколку десетици граѓани во Белград напладне се собраа пред училиштето на средба иницирана од родителите на убиените ученици.

Дедото на убиената Ана Божовиќ, Слободан Радичевиќ за ФоНет изјави дека не му е јасно зошто последните денови во медиумите во Србија повеќе се зборува за случајот со убиството на младата Вања од Македонија, отколку за големата трагедија што ја погодија Србија на 3 мај.

Со образложение дека убиството во Македонија е подеднакво тешко, Радичевиќ посочи дека не му е јасно однесувањето на медиумите во Србија во тој случај и праша зошто е тоа така.

Малолетниот К.К. убил девет ученици и еден училиштен чувар. Во вооружениот напад рани шест лица, од кои пет деца и една наставничка.

Од тој ден, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против В.К. и М.К., родители на малолетникот кој го изврши масовно убиство.

Паралелно со оваа постапка се води и парнична постапка по приватна тужба на 27 семејства.

Момчето К.К. не се гони кривично бидејќи во моментот кога го изврши масовното убиство имал 13 години.

Моментално е во Психијатриската клиника за деца и млади во Белград.

Поврзани новости