Пропадна надежта, полицијата ја прекина потрагата по авионот на Сала

by fokus

Иако утрово се појави надеж дека Емилијано Сала и пилотот би можеле да бидат пронајдени живи, сепак згасна надежта дека такво нешто би се случило.

Британските полициски служби соопштија дека е пребаран целиот остров Бурхоу и дека на него нема ниту трага од авионот на фудбалерот, кој исчезна од радар пред три дена. Како што информираа, активната потрага по исчезнатите завршува.

„Направивме големи напори во потрагата околу Каналските острови и опфативме област од околу 1,700 милји и која ја минавме повеќе од еднаш, како и обидот да се лоцира мобилниот телефон преку сателит. Сепак, за жал не успеавме да најдеме никаква трага од исчезнатиот авион во кој имаше еден пилот и еден патник. Минавме низ активно пребарување кое траеше 24 часа, со вкупно 80 часа пребарување преку воздушен пат, со три авиони и пет хеликоптери. Исто така беа вклучени и два чамци за спасување, а исто така имавме и помош од бродови. Шансите да има преживеани се екстремно мали. Ги користевме сите можни средства и сите можни ресурси да истражуваме најдобро што можеме. Последната потрага по исчезнатиот авион по воздушен пат тукушто заврши. Иако нема повеќе активно да пребаруваме, оваа незгода останува отворена и ќе бидеме во контакт со сите бродови и со сите авиони во оваа област, да соопштат доколку забележат нешто“, велат од полицијата од Британија.

Поврзани новости