Пронајден печатот на Драгиша Милетиќ

by lali

Полицијата денеска го пронајде печатот на Српска напредна странка кој на мистериозен начин исчезна пред минатогодишните локални избори. Печатот е запленет кај 7-годишен ученик од општина Карпош и му е вратен на сопственикот Драгиша Милетиќ. Детето тврдело дека само си го направило печатот од компир, но Милетиќ си го препознал и ја убедил полицијата дека тоа е неговиот печат. Расплаканото дете си отишло дома, а Милетиќ на прес-конференција изрази сомнежи дека зад детето се крие смислено сценарио на СДСМ за пуч во неговата партија.

– Само ја и Стевчо имамо право да си играмо са печатотом СНС-а. Дечак је комуњарски плачењик и можда је хтео да се кандидује за лидер моје партије и да ми сјебе коалицију са Грујевском. Шта зна дете од седам година шта је коалиција – изјави Милетиќ.

Тој најавениот конгрес на Српската напредна страна во Македонија за денеска во Куманово го нарече “нелегитиман” и доказ “да дете није било само у својој намери”.

Поврзани новости