Интелектуалците успеаја да го измолат Хорхе да се кандидира

by lali

Околу четири и пол часа траеше молењето на група интелектуалци, спортисти, владици и уметници Ѓорѓе Иванов пак да се кандидира за претседател на Република Македонија. Тој најпрво енергично се противеше на идејата, за најпосле солзите и молбите на интелектуалната елита да вродат со плод и Хорхе неволно сепак да се согласи да ја усреќи нацијата со уште една кандидатура.

– Добро, ама само уште овој пат – попушти на крајот Хорхе.

На вонредното, на моменти и потресно, обраќање до нацијата, Иванов рече дека ова го прави за Македонија и за својот народ и дека иако преку глава му е веќе од носење скапи кравати и намигнувања со светски државници, решил да се жртвува и да се кандидира.

Поврзани новости