Променливо облачно со подолги сончеви периоди

by fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во наредните денови претстои период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен локален дожд. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во петок и во деновите од викендот ќе има појава на локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури до среда наместа ќе се спуштат под нула.

Поврзани новости