Продолжуваат засилените контроли на МВР: Синоќа 232 лица возеле пијани

by fokus 11:03
11:03

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23,00 до 05,00 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ на сообраќајната регулатива.

- Advertisements -

Како што МВР претходно ја информираше јавноста во текот на вчерашните акциски контроли на подрачјето на главниот град, за истиот временски период (на 20/21.04) вкупно беа контролирани 1234 возачи, 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество.

Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци.

Поврзани новости