Продолжува притисокот на власта, се нижат пријавите против Јанева

by Фокус 16:36
16:36

По се изгледа сите граѓани кои ќе ги посетат специјалните обвинители со намера да дознаат информации за криминалот на власта или со крајна цел да ги претворат во сведоци, потоа имаа задача да поднесат пријава против Катица Јанева. Еднставно впечатокот е дека по посетата на тимот на Јанева, друг тим на власта ги посетува овие граѓани и ги присилува да поднесуваат пријави за малтретирање и уцена.

Веќе многумина експерти предупредија дека разговорите кои ги водат специјалнтие обвинители не може да се третираат како прекршување на законот. Но, ваквите пријави не запираат. И секако информациите за таквите пријави секој ден се пласираат преку провладините медиуми. Па според тоа пријавите се од лица главно од Свети Николе кои биле повикани на разговори и кои се жалеле дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Пријавите биле за малтретирање во вршење на служба по член 143 од Кривичниот законик против лица од тимот на Јанева.

Претходно против СЈО беа поднесени повеќе кривични пријави, а на односот се пожалил и судија. Од Специјалното обвинителство одговорија дека работат согласно законот, а дел од правните експерти пријавите ги толкуваат како опструкција на работата на Катица Јанева во пресрет на нејзините одлуки во однос на преземените предмети.

- Advertising -

Поврзани новости