Кирацовски: Спречив казни и отпуштања на административци

by Фокус 16:28
16:28

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација од редовите на СДСМ, Кирацовски објави дека успеал да спаси 1 700 службеници на кои им се заканувале парични казни. Тој денеска изјави:

-Ако не ги спречев казните за административните службеници за 2015 година, денес казните на Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе удреа по егсистенцијата на над 1.700 службеници. За пример, имам и дел од списоците на оценување.

- Advertisements -

Над 1.700 административни службеници ќе беа казнети или со одземање на 5, 10 и 20 проценти од нивната плата во период од цели 6 месеци, или ќе беа избркани од работа. Ако не беа избркани од работа, парично ќе беа казнети со по 30.000 денари, 15.000 или според најмалите казни, со по 7.500 денари од платите во период од половина година. Тоа се пари за еден годишен одмор! На којшто вработените и онака, без паричните казни, не можат да си ги однесат децата.

Поврзани новости