Приведен скопјанец кој ја тепал партнерката

by fokus

Скопјанец кој ја нападнал вонбрачната партнерка во домот вчера попладне е приведен во полициска станица.

-На 10.12.2023 во 16.05 часот во скопско, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Д.(49) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал неговата 40 – годишна вонбрачна партнерка, при што употребил и тврд предмет, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости