483
Полицијата вечерва приведе граѓанин кој се обиде да го испрска Никола Груевски со спреј додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше на митинг кај хотелот „Јадран“ во центарот на Скопје, објави СДК.
Според очевидци, додека Груевски зборувал, граѓанинот се обидел да се качи на бината, но бил запрен од обезбедувањето и тој тогаш се обидел нив да ги испрска со спреј. Најверојатно станува збор за спреј за самоодбрана.
Потоа интервенираше полицијата и го однесе граѓанинот во полициската станица „Беко“. Додека полицајците го ставале во комбе, со лисици на рацете, тој им рекол: „Добро бе, зар да ќутам?“.