Заев: Ќе се набават 20 нови инкубатори за бебиња

by Fokus

Премиерот Зоран Заев, денеска од Тетово соопшти дека е донесена одлука да се набават нови инкубатори од заштедите од 200.000 евра кои се направени по основ на прекинување на договор за реклами и кампањи на CNN и укинување на други трошоци кои ги користела претходната власт.

– Се заедно обезбедивме 200.000 евра. Почнавме постапка пред Бирото за јавни набавки, да ни дадат согласност и со сите овие пари ќе купиме 20 нови инкубатори. Ќе ги поклониме како Влада на Министерството за здравство и на Клиниката за гинекологија и акушерство, од коишто 15 ќе одат на Клиниката за гинекологија, а 5-те ќе одат во болници низ Македонија. Преку интервенција од заштедените пари решаваме едно вакво горливо прашање – изјави Заев.

Поврзани новости