Приведен гинеколог на скопската Клиника за гинекологија

by Fokus

Под сомнение дека барал поткуп, денеска попладне е приведен гинеколог на скопската Клиника за гинекологија, кој моментално е на информативен разговор во полицијата. Исто така, приведено е уште едно лице вработено на клиниката.

На редакцијата на „Фокус“ и е познат идентитетот на приведениот гинеколог, но поради загарантираното право на пресумпција на невиност, неговото име нема да го откриеме. Според првичните информации, лекарот се сомничи дека наводно земал поткуп од 20.000 денари за породување со царски рез за трудница од внатрешноста.

Поврзани новости