Притвор за српски воспитувач осомничен за полов напад врз петгодишно девојче

by Fokus

Обвинителството во Алексинац, Србија, одреди притвор од 30 дена за маж од овој град поради сомнеж дека како воспитувач во Детскиот културен центар во Ниш, во текот на оваа година во повеќе наврати извршил полови дејствија над петгодишно девојче.

Како што соопштија српските власти, притворот е одреден од страв дека ќе влијае врз сведоците или дека ќе го повтори делото.

Поврзани новости