Обвинувања за корупција на сметка на Јоханес Хан

by fokus

Францускиот весник „Либерасион“ објави сериозни обвинувања против еврокомесарот на Австрија Јоханес Хан. Според весникот, Хан им дозволил на лобистите да го поканат на лов и скапи оброци без да го пријави ова во телата за транспарентност. Хан ги негира обвинувањата.

Според венсикот, Хан учествувал во ловечка забава во декември 2015 година, која ја платило белгиското лоби на сопственици на земјиште (ELO). Според „Либерасион“, тој имал обврска да го пријави своето учество во Регистарот за транспарентност.

Портпаролот на Ханв вели дека поканата на еврокомесарот е „чисто од приватна природа“. Учествувал во друштво на негов пријател кој имал дозвола за лов. Затоа, велат не било потребно ова да се внесе во Регистарот за транспарентност.

Весникот пишува дека Хан има уште еден конфликт на интереси. Во јуни оваа година година трипати се сретнал на вечера со австриската претставничка во Комисијата на ревизори, Хелга Бергер, која сметките од вечерата ги проследила за наплата до ревизорската комисија.

Од кабинетот на Хан објаснуваат,  дека овие средби се „дел од редовната размена што тој ја има со претставници на институции/организации кои се поврзани со активности во контекст на неговиот ресор.

Поврзани новости