Пријателот на Груевски, унгарскиот министер Сијарто, на гости во Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе престојува во посета на нашата држава.

Сијарто ќе се сретне со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а предвидено е двајцата да одржат заедничка прес-конференција.

Непознато е дали министерот Сијарто ќе сподели детали за македонскиот бегалец, екс премиерот Никола Груевски, кој се засолни во Будимпешта.

Сијарто во 2016 година се појави на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Штип, при што одржа говор на македонски јазик. Тогаш тој во име на Унгарија и унгарскиот народ,  му даде отворена поддршка на Груевски и ги повика граѓаните да гласаат за него, бидејќи Унгарија и во иднина сакала да соработува со истата владејачка гарнитура.

Поврзани новости