Исмаили покрај професор на Медицински, бил уредник и на 90 радио-емисии

by Fokus

Предлогот за нов министер за култура, Хусни Исмаили од Алтернатива, е професор на Медицинскиот факулттет на Универзитетот во Тетово. Во неговата биографија, покрај образованието  и работното искуство од медицината, наведени се неговите искуства од културата. Под културни активности, во неговата биографија се вели дека бил уредник на книги, организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи, уредник во областа на радиодрами, уредник во изготвувањето на 90 радиоемисии од областа на културата, уредник и раководител на 80 телевизиски документарни програми на албански јазик во Македонија и пошироко, еден од основачите на културно-хуманитарната организација Мерхамет, еден од основачите и член на Управниот одбор на Издавачката куќа „Логос А“ и учесник во бројни активности од областа на културата во РСМ.

Садула Дураку од ДУИ, министерот за животна средина кој е предложен за нов министер за политички систем, има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис, според неговата куса биографија, доставена вчера до Собранието. Од други способности, навел: солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност.

Насер Нуредини, кој е номиниран од ДУИ за нов министер за животна средина, но не е член на партијата, е советник за диверзификација на инвестиции и развој на проекти во компанијата „ГЕГГ Адвајзори де Нуредини“ од Виена, Австрија. Има работно искуство и во Лондон како инвестициски банкар во „Ај-Ен-Џи“ и „Уникредит“.

Поврзани новости