Преспа форумот основа за продлабочување на меѓусебната соработка, средба на Лога со амбасадорката Тигањ

by Fokus

Потребен е широк консензус за европскиот  реформски пат кај сите политички партии, и од власта и од опозицијата, било заклучено на денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

Од Министерството за правда велат дека на средбата се разговарало за процесот на уставни измени и преземањето одговорност при носењето на одлуката со која на земјата ќе и се отвори патот кон големото европско семејство.

„Ова е неповратен процес кој нема алтернатива“, соопшти Министерството за правда. 

Од Министерството информираат дека на средбата се разговарало и за  „Преспа форумот за дијалог“, кој ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Струга, а на кој ќе присуствуваат високи меѓународни претставници меѓу кои и претседателот на Хрватска и министерот за надворешни работи. 

„Тоа ќе биде добра основа за продлабочување на меѓусебната соработка, зацврстување на стратешките партнерства, европската и евроатлантската перспектива на регионот“, заклучија амбасадорката Тигањ и министерот Лога.

Од Министерството за правда велат дека тие дискутирале и за проблемите кои ги имаат компаниите од Хрватска кои инвестираат во нашата држава и отворањето на нови работни места.

„Билатералната соработка ќе се интензивира преку иницирање на заеднички напори за реализација на проекти преку кои ќе се пренесе знаењето и вештините за европските практики“, соопшти Министерството за правда. 

Поврзани новости