Преговарачката рамка го штити македонскиот идентитет, тврди Ковачевски

by Фокус

Сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, сите, да ја донесеме оваа одлука, заради иднината на сегашните и идните генерации, порача премиерот Димитар Ковачевски емисијата „360 степени“.

-Оваа одлука е за граѓаните на државата, оваа одлука е за обичниот граѓанин на државата, за оној граѓанин кој што станува секое утро и оди на работа. Ова е за оние граѓани кои што работат во медицинските центри во државата, ова е за наставниците, ова е одлука за младите, ова е одлука за земјоделците, ова не е одлука за една мала група на луѓе кои што и со ЕУ и без ЕУ, живеат на висока нога, повисока и од некои земји членки на ЕУ – изјави Ковачевски.

Тој нагласи дека уставните измени се дел и се предвидени со преговарачката рамка.

-Стапувањето во сила на уставните измени е регулирано во преговарачката рамка каде што јасно стои дека имаме чист македонски јазик и преговарачката рамка е на македонски јазик. Јавно е тоа. Преговарачката рамка го заштитува македонскиот идентитет – истакна премиерот.

Поврзани новости