Прегазен словачки државјанин во Скопје

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 20,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „ВМРО“ во Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(34) од Скопје, удрило во С.П.(33) од Словачка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости