Прегазен 92-годишен старец од Скопје

by fokus

92-годишен старец е повреден откако во него удрило патничко возило со скопски регистарски таблици. По незгодата, тој веднаш бил пренесен во Ургентен центар во Скопје.

„На 29.01.2019 година во 15.10 часот на крстосница од улица „Банско“ и улица „Рилски Конгрес“ во Скопје, патничко возило „Даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(52) од Скопје удрило во пешакот С.С.(92) од Скопје. С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости