586
Специјалната обвинителка Катица Јанева се уште го нема на располагање комплетниот тим на обвинители со кои ќе ги истражи индициите за криминал што произлегуваат од аферата со прислушувањето, но ги доби бараните средства за работа.
На предлог на министерот за финансии Зоран Ставрески, пратениците и го одобрија буџетот во висина од околу еден милион евра кој го побара, без ниту еден збор расправа.
Сега, Јанева чека Советот за јавни обвинители да и ги одобри преостанатите 7 обвинители, но од таму се уште одбиваат да го сторат тоа, порачувајќи и да почне со работа со седумината што веќе ги има.