Обвинителството ќе го гони лицето што ја прегази Фросина Цекова

by Фокус

Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт за сообраќајната несреќа која на почетокот на април се случи кај Универзалната Сала, во која загина младата студентка Фросина Цекова од Крива Паланка.

Возачот на 26. годишна возраст, кој сам се пријавил во полиција откако по неколкучасовно бегство откако ја удрил Цекова, се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Обвинителниот акт е поднесен врз основа на добиените резултати од истражната постапка, а од обвинителство велат дека трагите се поклопуваат со ДНА профилот од лицето кое во полициската станица се пријавило како сторител на овој кривично правен настан.

Обвинитетото лице возел со пречекорена брзина и било во алкохолизирана состојба.

Поврзани новости