На дневен ред на собраниската седница денеска ќе бидат поставување на пратенички прашања, на кои нема да присуствуваат пратениците од опозицијата.
Пред неколку денови тие одлучија да ја замрзнат работата во Собранието сè додека Уставен суд не се произнесе за уставноста на иницијативата на Законот за специјално јавно обвинителство.