Хан дo Груевски: Фер и демократски избори и поддршка на СЈО

by Fokus 11:31
11:31

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вчера во Брисел се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при што се разговарало за политичката криза во земјава и за нејзино враќање на патот на евроатланските интеграции, изјави за Мета портпаролката на Европската комисија Маја Кочијанчич.

– Лидерите веќе изгубија премногу време. Повеќе од итно е да се вратат на преговарачката маса и да го имплементираат Договорот од Пржино. Треба да се создадат услови за веродостојни избори, да се развие владеењето на правото и сите страни да дадат поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и да се имплементираат реформските приоритети – вели Коцијанчич.

Поврзани новости