Студентски пленум: Студенти ќе се носат со автобуси за да гласаат на изборите за СПУКМ

by Fokus

Студентите од Пленумот денеска на својата фејсбук страна објавија дека имаат информации дека ќе се носат студенти од другите градови за гласање за претседател на СПУКМ. Интегрално ќе ви го пренесеме нивниот соопштение:

Денеска ни треба вашата помош! Постојат одредени неофицијални информации дека студенти ќе се носат со автобуси за да гласаат во Скопје на факултетите за претседател на Студентски Парламент. Знаејќи дека Парламентот функционира веќе 3 години на нелегален начин и е нелегитимен претставник на студентите, големи се шансите денеска да има изборни манипулации.

Ако е ова точно, малтретирањето на студентите за лични интереси претставува зенит на дрскоста и самоволието, затоа ве замолуваме доколку да забележите нешто што изгледа сомнително додека сте на факултет или во близина, сликајте го и пратете ни ја сликата како порака на Facebook странава. Анонимноста е загарантирана и однапред ви благодариме на сите!

‪#‎ДаГиСпукаме‬
‪#‎ПоздравПленумци‬

Поврзани новости