Пожарот на шума во Пинтија е на 200 метри од куќите

by Фокус

Пожарот што избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија е на околу 200 метри од населени куќи.

„Пожар над населбата Пинтија. Гори сува трева и ниска деградирана шума. На лице место се екипи од Бригадата за протипожарна заштита (БППЗ). Поради непристапноста на теренот, и големиот фронт на пожарот, гаснењето е отежнато. Моментално пожарот е на околу 200 метри од последните куќи. Состојбата се следи“, велат од Центарот за управување со кризи.

Од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје, пак, соопштија дека во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари.

Поврзани новости