Пожар во зграда во Охрид, четири лица побарале медицинска помош

by Fokus

На 29.07.2023 година во 14.42 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во подрумски простории од зграда, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, се случил пожар.

Притоа, четири лица побарале и добиле медицинска помош и се надвор од животна опасност.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Поврзани новости