Пожар во стара куќа во кавадаречко Бегниште, повредени нема

by Fokus

Пожар зафатил стара куќа попладнево во кавадаречкото село Бегниште, повредени нема.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски изјави дека со тројца пожарникари и две противпожарни возила успеале да спречат огнот да се прошири на околните објекти во селото.

Богоевски рече дека пристапот до куќата бил многу тежок и дека едно од  противпожарните возила се излизгало од патот.

Поврзани новости