Пожар во хидроелектрана кај Дубровник, три лица повредени

by fokus

Три лица се повредени а по уште три се трага, по избивање на пожар во хидроелектрана кај местото Плат во Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите, двајца од повредените биле во тунелот на хидроелектраната, додека избувнал пожарот.

„Три лица со полесни повреди се примени во Општата болница во Дубровник. Пожарникарите се уште се на теренот, а неофицијално, се трага по уште неколку лица“, известуваат медицинските екипи.

Поврзани новости