377
Поради задушување од чад во пожар што избувнал ноќеска во фабрика за пластика во скопско Трубарево петмина полициски службеници биле пренесени во комплексот клиники и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.
Пожарот бил пријавен во СВР Скопје синоќа во 23:40 часот, а бил изгаснат изутрината во 06:50 часот од Бригадата за противпожарна заштита.