Два дена по несреќата кај Ласкарци, превозникот „Дурмо турс“ добил тендер за превоз на ученици

by fokus

Превозникот „Дурмо турс“ добил тендер за превоз на ученици, само два дена по страшната сообраќајка кај Ласкарци, објави Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Договорот е склучен на 15 февруари, а вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки. Вкупната сума на тендерот со ДДВ е 27.600 евра.

Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино во Општина Врапчиште, а „Дурмо турс“ била одбрана во конкуренција со уште една фирма.

Како то пишувало во договорот, „Дурмо турс“ од 15 февруари до 31 декември ќе ги превезува средношколците од шест села од дома до училиштето и обратно. Критериум за добивање на договорот била најниска цена.

Според податоците на Јавни набавки, „Дурмо турс“ понудила цена од 700 денари, а конкурентската фирма 3.300 денари.

Поврзани новости