Пожар избувнал во куќа во Велес, повредени нема

by Fokus

Пожар избувнал во куќа во Велес, повредени нема, информираа од МВР.

Според полицијата, утрово околу 04.45 часот на ул. „Павел Шатев“ во Велес, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Н.Н.

Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Поврзани новости