Повеќе од 10 минути траел состанокот на Заев со Бајден

by Fokus

Премиерот Зоран Заев и американскиот претседател Џо Бајден имаа средба во текот на вчерашниот ден, а за таа средба денеска говореше и самиот Заев.

„Повеќе од десетина минути траеше средбата со претседателот на САД, Џо Бајден. Разговараме за стратешкото партнерство помеѓу нашите две земји и знаете колку е важна поддршката што тие ни ја нудат. Имав можност да поканам американски компании да инвестираат во Северна Македонија. Дел од нив веќе имаат инвестиции во нашата земја. Најважно беше да го поканиме Бајден да ја посети Северна Македонија. Тој загуби син на овие простори, и порача дека со задоволство ќе направи напори да ја посети нашата земја“, истакна Заев.

Поврзани новости