Заев: Не е зијан ако направиме успех, но, не верувам дека на 22 јуни ќе го решиме проблемот со Бугарија!

by Fokus

Премиерот на Македонија, Зоран Заев говореше за средбите со високите политички функционери на Самитот на НАТО. Како што додаде тој, мали се шансите на 22 јуни да се реши проблемот со нашиот сосед Бугарија.

„Убаво е да се биде членка на НАТО, рамо да рамо сме со сите. Направив состаноци со сите лидери за прашањето кое најважно за нас. Имаме еден подготвен амбиент да чекориме понатаму. Многу важен беше состанокот со претседателот Радев. Продолживме во детали да разговараме. Имам чувство на 22 јуни нема да се реши проблемот со Бугарија, но не е невозможно да се реши. Да не ги кревам високо очекувањата на сите. Наша должност е да направиме се. Не е зијан ако направиме успех“, истакна Заев.

Поврзани новости