Димитров и Брнс со „корона-поздрав“

by fokus

Пред неколку секунди го направивме последниот чекор од полноправното членство на Македонија во НАТО, последниот чекор од патот кој започна во 1993 година, пред 27 години, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров кој со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнс во МНР го означија последниот чин од формализирањето на ќленството.

Попладнево беше депониран инструментот за ратификација на Северонатланскиот договор во американскиот Стејт департмент.

Како што најави Димитров, во Понеделник на 30 март ќе има церемонија и ќе се подигне знамето на нашата земја во седиштето на НАТО во Брисел.

Амбасадорката Брнс го честиташе овој историски чин и на крајот од изјавите Димитров иницираше, наместо да се ракуваат, си ги допреа лактите, чин на поздравување што се практикува сега, во време на пандемија од новиот корона вирус.

Поврзани новости