Во вторник пресуда за пратеникот Аљими и Гури, обвинети во “Титаник 3”

by fokus

Во вторник, на 31 март, ќе биде објавена пресуда за случајот “Титаник 3” во кој обвинети се пратеникот Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ.

На денешното рочиште обвинителката Фатиме Фетаи ги даде завршните зборови, а потоа и одбраната, по што беше закажан и датум за пресуда.

Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а обвинетит се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фетаи и Гаврил Бубевски.

В.В.

Поврзани новости