Претседателот на Националното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, објави дека Марта Арсовска-Томовска, поранешна министерка во Владата на Никола Груевски, е назначена за комесар на специјализираниот саем ЕКСПО 2027 во Србија.
Арсовска-Томовска беше министерка за информатичко општество и администрација во 2016 и 2017, последните две години од владеењето на Груевски, а потoа се пресели во Србија и стана советник вo кабинетoт на пoранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ.
Алекиќ оцени дека организацијата на Експо 2027 е „катастрофална за државата и корисна само за корумпираниот режим“.
„Додека државата нема пари за здравство, образование, земјоделство и социјална заштита, пари се фрлаат на овој проект за да може елитата на Вучиќ да украде повеќе пари на луѓето пред да падне од власт“, напиша тој на X.